Српскиот гастарбајтер Живојин Перовановиќ (83) од Швајцарија е единствено гостин во хотелот во Сијаринска Бања, крај Лесковац. Него пандемијата на коронавирус го затекна на бања. Живојин на ова не гледа како на проблем, туку како на благослов.
-Се чувствувам како цар, како Тито, бидејќи имам личен готвач, лекар, собарица и најубавата соба во хотелот. Сите тие на работа доаѓаат само заради мене. Моето царство е целата бања, вели тој, кој е сам во хотел со 119 соби.
Тој дошол на бања пред почетокот на епидемијата и мал во план да се врати во Швајцарија, но затворањето на границите го спречиле. Можел да оди во Белград, па потоа со синот во Швајцарија, но со оглед на годините, знаел што го чека таму.
-Јас имам толку години што би можел да закачам шест вируса. Подобро е што сум овде, таму досега би умрел. Да отидев во Белград би бил како затвореник. Кај ќе шетам. Овде појадувам, па шетам по тераса, по ходниците, дишам свеж воздух а персоналот ме чува како цар, рекол тој.
Друштво му прави персоналот, со обезбедувањето игра карти, со рецепционерите разговара, го надгледуваат медицински сестри и директорот, готвачите секое утро го прашувале што сака да јаде, а вечерата на тераса ја дели со гулабите.
-На децата им реков да не се грижат. Ако умрам, ќе дознаат. Ама јас овде нема да умрам, бидејќи живеам како цар, рекол гостинот.
Кога слушал вести за пандемијата имал чувство дека тоа се случува милиони километри далеку од него. Но, и признал дека во хотелот му е мрачно, бидејќи нема луѓе.
-Не ми е страв од вирусот, страв ми е да не се здебелам, па само јадам и не работам ништо. Ми недостасуваат само децата. Грдо е кога ќе се накашлам па звони цел трет спрат. Празно. Брзо ќе помине ова а јас ќе бидам тука да ги дочекам новите гости за да се дружиме, рекол Живојин.