Како и на претходните судења, така и на денешното не изостана вербална комуникација меѓу Бојан Јовановски, Боки 13 и обвинителката Вилма Русковска.
Овој пат по цитатот на Боки 13 од Иво Андриќ дека дошло време „паметниот да молчи, будалиот да говори, а ороспијата да се збогати“.
На ова Русковска праша дали Боки е „ороспијата“.
Инаку, судењето за предметот „Рекет” во кој првообвинет е Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, продолжува в петок.