СЕ ФРЛИЛ ПРЕД ВОЗ: Се самоуби еден од организаторите на Олимпијадата во Токио

by Тони Зографски

Јасуши Морија, висок член на Олимпискиот комитет на Јапонија, извршил самоубиство со тоа што скокнал пред воз денеска во Токио. Не починал на лице место, веднаш бил пренесен во болница, каде сепак им подлегнал на повредите.

Полицијата покрена истрага, но првичните информации покажуваат дека се работи за самоубиство. 52-годишниот Морија бил идентификуван преку неговата лична карта.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатата година, но беа одложени за годинава и ќе се одржат од 23 јули до 8 август. Нема да бидат дозволени странски гледачи, а на стадионите ќе можат да влезат единствено жители на Јапонија и тоа во ограничен број.

Иако Олимпијадата ќе се одржи со такви строги мерки, сепак јапонскиот народ силно се противи на нејзино одржување и бара да биде одложена. Бројни испитувања на јавното мислење покажаа дека мнозинството Јапонци се или за целосно откажување на организацијата на нивната земја, или за одложување поради COVID-19.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com