Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На терен се седум екипи на Брза помош и три противпожарни возила.
Инцидентот се случил околу 12:00 часот, по што железничката веднаш била затворена. На местото на несреќата има багери и камиони кои ги расчистуваат урнатините и трагаат по граѓани кои можеби се под урнатините.
Според РТВ најмалку осум лица се загинати, а повредени се повеќе лица.
Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година