Се урна покривот со се врвот на катедралата Нотр Дам (ФОТО+ВИДЕО)

by Тони Зографски

Врвот на легендарната катедрала во Париз Нотр Дам  заедно со покривот се распадна како резултат на големиот пожар што  го зафати куполата и внатрешноста на историската туристичка атракција. Според последните информации, познатата Богородична црква речиси до темел е изгорена, а околу 400 пожарникари сеуште се борат со огнот.

Самиот врв, направен од дрво и покриен со олово, одамна е во лоша состојба бидејќи елементите на конструкцијата што датираат од средината на деветнаесеттиот век се оштетени од климата, загадувањето и времето.

Инаку, градоначалничката на Париз, Ан Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги поставија противпожарните екипи со цел да се безбедни.

Причината се уште не е позната но, можно е пожарот да е поврзан со реновирањето на катедралата, кое е во тек.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com