Најмалку девет лица загинаа, а 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор. Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија. Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на „Х“, а пренесе Би-би-си.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урна додека неколку луѓе беа на сцената. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.
https://twitter.com/i/status/1793475806599204973