Украинскиот „Боинг 737“, во кој се наоѓале 176 лица, се урна по полетувањето од аеродромот во Техеран. Преживеани лица нема, пренесува Би-Би-Си.
Боинг 737 кои припаѓаат на украинската авиокомпанија се урна само неколку минути по полетувањето од аеродромот „Imam Homeini“ во Техеран.
Прелиминарните извештаи посочуваат дека авионот летал кон Киев. Не е јасно дали инцидентот е поврзан со иранско-американската конфронтација.
Спасувачките екипи се испратени на местото на несреќата.
Инаку, не се исклучува можноста авионот да бил и „ненамерно“ урнат.