Туристите од Србија биле избркани од страна на мештаните на грчкиот остров Евија во Грција, пишува „Новости“.
Туристите беа принудени да го напуштат островот, затоа што на локалните жители им било страв од вирусот и не го сакале нивното присуство.
Имено, најголемиот притисок за да се вратат српските туристи е извршен од грчките пензионери затоа што се плашат од вирусот корона.
Првичната објавена информација беше дека српските туристи се враќаат доброволно затоа што не сакаат да бидат во карантин, а новите информации велат дека всушност тие се избркани од Евија.
Овие вести доаѓаат само еден ден од кога во група на Facebook за туристи во Грција беше објавено дека 85 српски државјани биле тестирани на корона на островот Евија и дека сите биле негативни, односно дека можат да го продолжат одморот во Грција. Сепак, поради неколку позитивни туристи од Србија настана немир помеѓу граѓаните на овој остров.