Според добро информиран извор од кралскиот двор, списанието „New Idea“ во ново издание тврди дека принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер се уморни од чекањето за круната и дека имаат намера трајно да се преселат во Италија и круната да му ја препуштат на принцот Вилијам еден ден кога кралицата Елизабета ќе почине или ќе си даде оставка. Големата желба на Чарлс да живее во Италија беше откриена уште во 1995 година од неговата тогашна сопруга, принцезата Дајана, во интервју за „Newsweek“.
„New Idea“ тврди дека Дијана во споменатото интервју изјавила дека смета дека Чарлс и неговата тогашна љубовница Камила ќе се преселат во Италија, наместо Чарлс да стане крал еден ден. Таа откри како нејзиниот сопруг сака да поседува фарма во Тоскана и како тој е подготвен да ја напушти Дијана и Велика Британија за да го одгледува и подготвува самостојно Вилијам за улогата на крал. Во истото интервју беше спомнат извор од дворот кој рече дека Дијана верува дека Чарлс никогаш нема да стане крал, а нејзините лични астролози се согласувале со тоа.
Денес, 25 години подоцна, тврди „New Idea“, принцот Чарлс конечно реши да ја оствари својата долгогодишна желба. Ова, наводно, им го потврдил висок дворски извор кој рекол дека Чарлс веќе бил толку фрустриран од чекањето, што станал уште пообземен од неговата страст кон градинарството и сметал дека Тоскана во Италија ќе биде идеално место за да се смири и да ги помине опуштените доцни години со својата сакана Камила.
-Клучно за неговата одлука е кралското семејство да не го обвинува ако се пресели затоа што Вилијам и Кејт Мидлтон се повеќе од докажано способни да го преземат владеењето, рече изворот.
Сепак, порталот „Gossip“ ги провери фактите наведени во написот и заклучи дека принцезата Дајана никогаш не ги спомнала Тоскана или нејзините лични астролози во интервју за „Newsweek“, а ниту наводниот извор. Всушност, еден новинар ја прашал дали Чарлс ќе ја преземе круната еден ден, а Дијана одговорила: „Мислам дека никој од нас не го знае одговорот на тоа“.
Инаку, 71-годишниот принц Чарлс помина најдолго време чекајќи да стане крал на Велика Британија од кој било наследник на круната во историјата на таа држава.