Четворицата водители на Утринската програма на телевизија „Телма“, денеска на Фејсбук страницата соопштија дека емисијата од септември нема да продолжи да се емитува. Тие не ја соопштија причината за прекинување на емисијата, но се заблагодарија на сите гледачи, соработници и учесници.
„Драги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3. години сакаме да ве известиме дека Утринска на Телма од септември нема да оди во етерот. Причините се познати на менаџментот и управата на Телма телевизија.
Како и да е, сакаме да ви заблагодариме за целата поддршка и љубов што постојано ја добивавме од вас. За сите заеднички кафиња наутро, за целата прекрасна енергија која взаемно си ја праќавме, за насмевките и убавините поминати во 4 часовното шоу во живо.
Ние ќе наздравиме за сите вас, ќе ви посакаме да сте и понатаму така прекрасни и среќни, а со нас се гледате во некоја друга форма без разлика дали телевизиска или поинаква.
Со почит и многу љубов вашите утринци: Елена, Гоце, Марко и Цеце ❤️❤️❤️❤️ П.с секако огромна благодарност и до целиот тим што работеше и зад камерите, во монтажа, во режија и гостите кои безрезервно и со цела душа и енергија доаѓаа во нашата емисија.“напишаа на Фејсбук.