Познатиот австралиски актер Питер Харди (66) е идентификуван како човекот кој се удавил на плажа во Западна Австралија.
Харди беше најпознат по улогите во филмовите „Chooper“ и „Соседи“.
Неговото тело било извлечено од водата на Саут Бич во Фремантл околу 10 часот , објавија локалните медиуми.
Случајните минувачи се обидувале да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, но безуспешно.
Харди живеел во Лондон, но во тоа време бил во Перт, каде бил во посета на својата мајка.
Непосредно пред трагедијата, актерот објавил селфи од плажа и видео со опис:
– Повеќе причини да бидете весели.
Питер се појави како Џими Дрејн во три епизоди од австралиската сапуница „Соседи“ во 1997 година. Тој исто така се појави во мјузиклот „Мама миа!“ и „Човекот на кралот“ во 2021 година, глумејќи руски генерал во третиот дел од трилогијата „The Kingsmen“ во режија на Мајкл Вон.
Питер беше најпознат во Австралија по улогите во „Ќерките на Меклаод“ и „Chooper“.