Глумицата Мери Мара најпозната по улогите во телевизиските серии “Ургентен ценар“, „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „NYPD Blue“, загина на 62-годишна возраст.
Според соопштението на њујоршката полиција, во неделата, нешто по 8. часот по локално време во градот Кејп Винсент, каде живеела актерката, добиле повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле нејзиното безживотно тело во реката Сен Лоран.
„Телото на Мери беше пронајдено утрото во нејзината сакана река. Таа се удавила додека пливала”, изјавил портпаролот за медиуми за Fox News Digital. Допрва треба да се изврши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта. Актерката беше мажена и зад себе остави поќерка.
„Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознал. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Mad Forest на Бродвеј во 1992. година. Таа беше духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостасува”, рекол нејзиниот менаџер Крег Дорфман“, пренесува Си-Ен-Ен.
https://youtu.be/H2pX8OFMG3Q