Неколку млади момчиња синоќа се степале на првата делница од новиот црногорски автопат Бар-Бољаре, во близина на наплатната рампа Матешево. На тепачката и претходело вербална расправија кога младите излегле од автомобилите по шти настанала пресметка во која не се знаело кој кого тепа и со што удира.
Полицијата со помош на снимки и регистарските таблички ќе се обиде да утврди кои се учесниците во пресметката, пренесува црногорски Вијести.
Црногорската полиција соопшти дека конфликтот меѓу две групи млади момчиња се случил синоќа околу 20 часот и 30 минути, но дека случајот кај нив бил пријавен дури во 22 часот.
Не е познато што му претходело на инцидентот и дали има повредени.