Светската дива Шер била забележана како ужива во коктели со своите пријатели во еден ексклузивен ресторан во Италија.
Славната пејачка изгледала спектакуларно во црни хеланки и бомбер јакна, а кој би рекол дека оваа дама има 75 години? Не е тајна дека таа има направено неколку естетски зафати за да го зачува својот младешки изглед, но води грижа за своето здравје и изглед.
Пејачката оди во теретана до пет пати неделно, а има и личен тренер, а еднаш откри дека вежба двојно повеќе отколку кога била млада. Покрај теретана, таа сурфа и, ужива во прошетки, а понекогаш игра и тенис.
„Се убивам во теретана за да имам вакво тело. Не е дека имам неверојатна тајна што никој друг ја нема“, своевремено рече таа .