Фолк пејачката Елена Велевска се разведува и покрај обидите да го спаси бракот.
Таа веста за разделбата ја потврдува за естрадниот магазин „Бекстејџ’“, а причините ќе ги открие во вечерното издание на магазинот.
“Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот“, вели Елена.
Инаку, Елена Велевска и лани објави дека се разведува со својот сопруг Марјан и дека на нивниот брак дошол крај, па одлучиле дека тоа е најдобро за нив и нивните деца. Во тој период таа преку Фејсбук статус објави дека поднела бракоразводна парница.
Не помина многу време кога фолкерката се предомисли и одлучи да го повлече барањето за разводот и со Марјан да си дадат втора шанса.