Нов силен земјотрес утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 6 часот и 27 минути, а бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на 41 километар југоисточно од Мостар и 14 километри источно од Столац.
Како што јави репортерот на „24 часа“ од Мостар, цел хотел се тресел цели 15 секунди.
„ Ме фрли на креветот, не можев да станам. Беше навистина страшно“ изјави репортерот.
https://twitter.com/i/status/1518090790702039040