Голема крвава пресметка помеѓу неколку семејства кои влегле во конфликт денеска се одиграла во Суботица,Србија, пренесува Курир.рс.
Во денешната тепачка што се случила на локалниот пазар учествувале неколку семејства. Се започнало со жестока кавга која прераснала во физичка пресметка, во која 62-годишниот Бериша Беџет бил избоден до смрт, а 55-годишниот Фехми Б. бил тешко повреден.
Во меѓувреме, како што информира полицијата, роднината на убиениот човек, како и дел од учесниците во тепачката на пазарот, дошле во болница, каде повторно дошло до тепачка.
Според неофицијални информации, крвавата пресметка се случила како последица на љубовна драма и кавга околу невестата. Девојката на која родителите им договориле брак, одбивала да се омажи за момчето кое и го избрале, па побегнала со друг маж. Кога нејзиното семејство дознало, тие веднаш тргнале да се пресметаат со мажот со кој таа побегнала.