Околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Умка и Остружница кај Белград се судриле камион и автобус, потврдија од полицијата за Н1 Србија. Според неофицијални информации, најмалку едно лице загинало во несреќата, а меѓу 10 и 15 се повредени.
Како што е потврдено за N1 Србија во Итната помош, интервенирале пет екипи. Од Итната помош велат дека има многу повредени, но не можат да прецизираат колку.
Според неофицијални информации, шест лица се пренесени во болница.
Сообраќајот во тој реон е целосно запрен.