Албанската мисица Трејси Сејдини која пред неколку месеци беше избрана за најубава Албанка, може да ја изгуби титулата бидејќи учествуваше во тепачка.
На видеото кое го објавуваат албанските медиуми, се гледа како во нејзиниот роден град Елбасан таа во придружба на неколку свои другари и другарки физички напаѓаат еден свој сооученик со кого предходно разговараат.
Нападниот соученик кого и Сејдини го удира со раце и со нозе успева да избега од напаѓачите и минал со полесни повреди.
Miss Universe Albania Trejsi Sejdini bullying and beating up a classmate with her friends pic.twitter.com/gO75KILt2D
— Rexhepagiqi (@kryemadhis) December 17, 2018