Невремето што вчера го зафати Нови Сад повторно предизвика штети, а две момчиња за малку ќе настрадаа кога дел од бетон падна од зградата покрај која поминуваа.
На видеото, снимено од камера од автомобил во близина, може да се види како момчињата кои минувале меѓу зградите успеале да го избегнат бетонот кој се урнал во последен момент.
U medjuvremenu u Novom Sadu. pic.twitter.com/KeB7MtizrV
— Ksenija (@XeniaKsenija21) July 25, 2023
Непосредно пред 15 часот пороен дожд пропратен со град го зафати Нови Сад. Невреме со грмотевици пристигнало од правец на Босна и Херцеговина.
Во невремето што ја зафати Србија на 21 јули, најмногу настрада Нови Сад. Бурниот ветер корнеше дрвја, однесе покриви, а 12 годишно момче почина од струен удар.