Холивудскиот глумец Бен Стилер беше во Украина откако ги посети бегалците од таа земја кои се наоѓаат во Полска.
Тој го посети и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Телеграм се огласи за посетата на актерот.
„Украинците ја имаат поддршката од целиот свет, од многу познати личности. Посетата на Бен Стилер уште еднаш го потврдува тоа. Вашите средби со нашиот народ зборуваат многу. Цениме што сте тука во овој тежок момент за нашата земја“, напиша Зеленски.
Инаку, за време на престојот во Полска, Стилер на Инстаграм ги сподели своите впечатоци од средбите со семејствата чии животи беа уништени од војната и насилството во Украина.
„Во Полска имав можност да запознаам некои семејства кои избегаа од војната во Украина. Тие не знаат кога ќе можат да се вратат дома и дали ќе имаат домови во кои ќе се вратат“, напиша Стилер.