По победата на Констракта, постојано излегуваат нови содржини поврзани со песната. Некои прават преработки, а други пародии.
Во видеото во продолжение ќе видите како четворица момци од Србија решиле да се пошегуваат на сметка на ситуацијата во нивната земја и направиле пародија на песната на Констракта менувајќи ѝ стихови и имитирајќи го нејзиниот настап од изборот.
Еве како изгледа нивниот текст:
Која е тајната на многуте пари на нашиот Вучиќ?
Која е тајната?
Мислам дека се работи за идната инфлација
Велат дека младите повторно ќе добијат по 100 евра
Да речеме, одам во продавница да купам сè,
а јас излегувам само со едно ќесе
па поради овие санкции сега остануваме без бензин
расте цената, не е убаво
Но додека е Вучиќ, за нас ќе има пари
Многу луѓе се плашат од војна, нема повеќе брашно и масло
Третата светска војна ни се заканува и ни тропа на врата
Тоа е пукање, тоа е само пукање
Некој ѕвони, прашувам кој е
Партија која сака да ги знае моите размислувања, дали гласам
Разговараме двајцата, минуваат минути, часови, денови
Брату, ние си ги кажуваме маките, и тоа е сè
И не може да биде полошо, таму горе се пука
Сакам мир, да престане да се пука
Сакам мир, да не се пука, да има мир“, се стиховите од песната што го насмеа регионот.