Паузата во првенствата поранешните вардарци, Дејан Манасков и хрватскиот репрезентација Лука Циндриќ ја искористија да скокнат до Скопје.
Циндриќ и Манасков се дружеа со капитенот на Вардар, Стоjанче Стоилов во неговиот ресторан а од таму тој постираше фотка на Инстаграм.
По дружбата Циндриќ замина за Хрватска каде го очекуваат подготовките за ЕП, а и Манасков и Стоилов наскоро ќе му се стават на располагање на македонскиот селектор Данило Брестовац.
Инаку, редовен гостин на Скопје е и поранешниот вардарец Игор Карачиќ кој настапува во Киелци и кој најверојатно ќе стане македонски зет.