Девојката на популарниот „јутубер“ Виталиј, Кинси Волански, повторно се најде во фокусот на вниманието откако полугола влета на ски-трката во австриски Шладминг.
23-годишната Кинси се појави пред целта токму во моментот кога низ целта помина Италијанецот Алекс Винацер. Таа во рацете држеше напис на кој стоеше „RIP Коби“ во сеќавање на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, кој во неделата настрада во пад на хеликоптер.
Инаку. организаторите прво го пресметаа времето на Винацер кога девојката мина низ целта така што имаше 50 стотинки предност. Винацер се радуваше, но потоа беше констатирано дека всушност имал 13 стотинки заостаток зад дотогаш водечкиот Клемент Ноел.