видео од лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, покажува како тој пуши дрога и пие алкохол додека лежи гол во када. Ова се случувало за време на терапија во која Хантер требало да го прочисти своето тело. Но, наместо на терапија Хантер отишол во „велнес“ центар, односно центар за убавина и здравје, пишува ДејлиМејл.
Синот на претседателот (52) се „бањал“ на зелено светло, се снимал како лежи гол на грб во водата. Погледнете.
На видеото се гледа и како тој наводно пали џоинт, а потоа пие од конзерва. Во еден момент се приближува до камерата и гледа директно во неа, додека во позадината тивко свири музика.
Извештаите до кои дојде Дејли Мејл потврдуваат дека видеото со Хантер е снимено во Велнес центарот во Масачусетс, каде Хантер закажал терапија на 30 јануари 2019 година. Тој бил поттикнат од еден пријател да ја посети таа бања, а Хантер му се обратил за помош во борбата против дрогата.
Само еден месец претходно, во декември 2018 година, Хантер му пишал на својот татко и се пожалил дека нема доволно пари за тој третман покрај сите сметки што ги плаќал и издршката.
„Може ли да ми дадете уште еден краток заем, ќе ви го вратам најдоцна во рок од 10 дена“, напишал Хантер.
Сепак, видеата на Хантер од мобилниот телефон подоцна ќе покажат дека тој отишол во Велнес центар во Масачусетс подоцна истиот месец.
Видеото и соодветните пораки се најновиот инкриминирачки материјал што е изваден од таканаречениот „лаптоп од пеколот“ на Хантер. Во неколку други пораки кои се пронајдени, Хантер се фали дека неговиот татко го плаќа целото лекување.
Нема сугестии дека персоналот во велнес центар знаел за злоупотребата на дрога на Хантер или дека некој знаел дека таткото на пет деца имал намера да лежи гол и сам за време на третманот во резервоарот за сензорна депривација.
Најновото видео кое го компромитира Хантер доаѓа неколку недели откако Дејли Мејл откри дека, и покрај неговите негирања, Џо Бајден разговарал со својот син за неговите матни зделки во странство.
Говорната пошта откриена во документите на Хантер потврдува дека Бајден му се јавил на Хантер на 12 декември 2018 година, велејќи му дека треба да разговараат за извештајот на Њујорк Тајмс кој го поврзува Хантер со кинескиот нафтен гигант ЦЕФЦ.