Инфлуенсерката на Инстаграм, Алесија Кафелникова на својот профил објави видео на кое може да се види како позира гола на загрозен вид слон, што ги налутило нејзините бројни следбеници.
Како што пренесува 9GAG, веднаш откако на својот инстаграм-профил ги објавила фотографиите и видеото, се јавил портпаролот на здружението Save the Asian Elephants, кој не ја криел згрозеноста од нејзиното однесување.
„Згрозен сум со овој настан. Госпоѓицата се сликала на загрозен вид азиски слон кој постојано се бори да преживее бидејќи брутално ги искористуваат за туризам и забава“, рекол портпаролот.
По низа негативни коментари, инфлуенсерката на својот профил објави фотографија под која го опиша своето воодушевување од слоновите и од островот што го посетила и рече дека веројатно нејзиното видео е погрешно протолкувано.
“Сакам слонови и го сакам Бали. Тоа беше приватна фотографија, немав намера да ги повредувам чувствата на локалното население. Ја сакам тамошната култура и ги почитувам правилата на Индонезија. Жал ми е ако видовте нешто негативно во ова. Јас сакав да покажам дека ги сакам и почитувам животните, а особено слоновите, повеќе од сè “, објавила таа.