Однесувањето на Клементина Левковска, 19 годишната девојка која била причина за бруталното претепување на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) во четвртокот во 3:30 часот по полноќ пред скопскиот клуб „Привилиџ“, ги изненадило и полицајците во полициската станица, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“, повикувајќи се на извор од истрагата.
„Само се смееше, како да сме ја привеле за кражба на литар ракија во продавница, наместо за насилна смрт“, изјави извор на истрагата за „Јутарњи лист“.
Весникот на крајот од текстот пишува дека „Привилиџ“ е познат како фолк клуб во Скопје во кој одат млади и дека не е можно во тоа време, освен учесници и сведоци на влезот, никој да не минувал од паркингот до влезот на дискотеката и шеталиштето покрај Вардар и ништо да не видел.