Во Библијата, во евангелието по Матеј, пишува дека по смртта на Исус кој бил распнат на крст во местото Голгота, Јосиф го зел неговот тело, го замотал во бело платно и го погребал во пештера во која направил гроб.
Медиумите пренесуваа дека за време на отварањето на Светиот гpоб се случувале чудни феномени на небото и се слушале татнежи.
“Кога го отворивме гробот на Исус Христос, инструментите престанаа да работат”, рече Антонија Морополу, хемиски инженер на Националниот технички универзитет во Атина, лидер на експертскиот тим кој пред неколку години направи неверојатен потфат и го отвори гpобот на Исус Христос во Ерусалим, односно, на местото од неговото воcкpеснување.
Медиумите пренесуваа дека во тој момент се случувале чудни феномени на небото, а се слушале татнежи.
“Јас тоа не го реков, бидејќи во моментот на отварањето на Светиот гpоб бев внатре со останатите. Немаше никаков феномен, но кога излегов надвор, откако започнавме да го истражуваме гpобот, инструментите кои претходно ги поставивме на плочата од гpобот едноставно се исклучија. Тоа е факт. Не можам да го објаснам тоа, но снимено ми е. Со сигурност можам да ви кажам дека на тоа место постои некоја енергија, која е многу, многу силна”.
Антонија вели дека ништо немало во гробот.
“ Кога ја тргнавме плочата во Светиот гроб немаше никакви предмети. Најдовме празен гроб и беа видливи оштетувањата на долниот дел на плочата. Таа е од камен и на неа има изрезбани орнаменти. Плочата беше скршена, а имаше и ситни камчиња. Нормално, ги извршивме потребни репарации, но скршената плоча ја оставивме како што ја најдовме. Само ја покривме со бела мермерна плоча“, објаснува Гркинката.