Семејството Ѓоковиќ стана побогато за уште еден член, а Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов добија син кого го нарекоа Александар.
Семејството Ѓоковиќ на големо слави во викендичката во Рума, а сега на мрежите се појавија видеа од прославата.
Марко и Новак Ѓоковиќ пееја и го носеа Ѓорѓе на грб, беше испеана песната „Мали Господин“, а нема сомнеж дека сите ќе си поминат одлично.
https://twitter.com/i/status/1638667830382960644
Покрај ова, имало и огномет за наследникот, како и кинење на кошулата на Ѓорѓе.
– Веќе почнавме да славиме, дома сме со пријателите и семејството. Ние сме семејство кое генерално сака големи прослави, особено кога се работи за вакви работи. Ова е најубавото нешто што може да се случи и јас сум навистина среќен. Добивме ново внуче, нема ништо поубаво. Ви благодариме за честитките – изјави Дијана Ѓоковиќ за „Телеграф“.
Се огласи и Срѓан, кој има трето внуче.
– Голема радост за сите нас, ви благодарам на сите за честитките. Прославата веќе започна – рече Срѓан.