Најмалку седум лица, меѓу кои три деца загинаа, а десетина се повредени во експлозија од граната на свадба во престолнината на Судан, Картум соопштуваат официјални извори.
Имено, дошло до кавга помеѓу двајца гости, а еден од нив активирал граната која експлодирала и уби шест лица.
АП пренесува дека на интернет кружи снимка од повредените на кои во болниците им пружаат помош.
Инаку, Американската агенција наведува деке вакви инциденти во Картум се ретки, но последниве две недели полицијата пронашла три убиени лици под нејасни околности.