На Шпанците им текнало како да ги избегнат мерките на властите и да ја заобиколат наредбата да останат во своите домови поради пандемијата на коронавирус, па затоа почнале да шетаат необични „миленичиња“, пренесува Си-Ен-Ен.
Во петокот, шпанската национална полиција објави фотографија од маж казнет поради „шетање“ на риба во аквариум во Логроно, северен град во Шпанија.
Тој бил казнет со казна за кршење на владините наредби за останување дома за време на пандемијата на коронавирус, пренесува Танјуг.
Сепак, тој не е единствениот.
Во Ланзароте, на 25 март, шпанската Цивилна гарда казнила едно лице кое шетало кокошка, а на 16 март на Твитер страницата на шпанската Национална полиција бил објавен видео-клип на маж како шетал играчка.
Полицискиот синдикат ги повика луѓето да не се обидуваат да ја измамат полицијата.