Руслана беше меѓу поранешните евровизиски претставници кои присуствуваа на настан во Мадрид посветен на најновото издание на Евровизија.
49-годишната пејачка, која ѝ донесе победа на Украина во 2004 година, повторно ја изведе победничката песна „Wild Dance“.
Славната Украинка изгледаше фит и атрактивно во сличен костим на оној кој го носеше за настапот пред речиси две децении.
Руслана доби многу комплименти за одржаниот изглед.