Помина долго време откако Кристи Бринкли ги красеше насловните страници на познатите модни списанија. Сепак, може да се каже дека таа се уште го привлекува вниманието на јавноста и на 68 години.
Пензионираниот модел ужива во животот. Често патува, а како што можете да видите од нејзините социјални мрежи, секогаш можеме да ја најдеме на егзотични дестинации. Понекогаш со семејството, понекогаш со пријателите, но понекогаш сама.
Иако одамна ги напушти модните писти, Кристи се уште е активен член на светот на модната индустрија. Таа често зборува за проблемите со недоволната вклученост на повозрасните жени во модната индустрија.
„Работам во оваа индустрија во последните 47 години и таа многу се разви, но постарите жени сè уште не се доволно вклучени во бизнисот. Тие жени сè уште сакаат да бидат дел од тој свет“, рекла таа во една пригода.