Се сврши „најубавото девојче во светот“: Му рече „да“ на својот најдобар пријател (ФОТО)

by Тони Зографски

Манекенката Тилан Блондо, која сите ја паметат како „најубавото девојче во светот“, му рекла „да“ на францускиот актер Бен Ател, со кого е во врска од 2022 година.

Французинката која денес има 24 години и сè уште фасцинира со својата убавина, неодамна ја објави оваа убава вест на Инстаграм, кога го покажа својот свршенички прстен со опис: „Му реков „да“ на мојот најдобар пријател. Засекогаш“.

Тој ја запросил во Грција, за време на нивното заедничко патување, а запросувањето било романтично, на зелена трева и со прекрасен поглед, со црвени ливчиња од роза кои биле расфрлани по патеката и масата на која актерот ѝ предложил брак.

Тие биле придружувани и од куче, а со оглед на тоа колку била насмеана на фотографиите се чини дека Тилан е бескрајно среќна.

Блондо во коментарите доби низа честитки од нејзините следбеници, кои ги има речиси седум милиони на Инстаграм, а позираше без шминка и нè потсети зошто некогаш важеше за „најубавото девојче на светот“.

останати вести