Братот на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, бизнисменот Џејмс Мидлтон (32), по една година врска се сврши со Французинката Ализа Тевене (29) која работи како финансов аналитичар.
-Рече “да“, нашата тајна е откриена, но неможеме да бидеме посреќни за веста што ја споделивме-напиша Џејмс на својот Инстаграм профил кој за идната сопруга избрал свршенички прстен со сафир, сличен на прстенот со кој принц Вилијам се сврши со Кејт Мидлтон а припаѓаше на неговата мајка, леди Дијана.
Инаку, Џејмс и Ализа за прв пат во јавноста се појавија на овогодишниот Вимблдон.
https://www.instagram.com/p/B3R1d7EAzsM/?utm_source=ig_web_button_share_sheet