Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави нова програма со седум точки кои ќе донесат ново погодности за нововенчаните двојки и семејства. Новите мерки ќе им овозможат на семејствата што имаат најмалку две деца да добијата субвенции за купување куќа, како и за купување автомобил.
Придобивките вклучуваат ослободување од данок на личен доход за жените што раѓаат и одгледуваат најмалку четири деца; субвенција од 8.825 долари за купување возило со седум седишта за семејство со три или повеќе деца и заем со ниски каматни стапки од 35.300 долари за жени кои по 40-години кои првпат стапуваат во брак.
„Тоа е одговор за Унгарците. Не е имиграцијата“, рече Орбан.