Стивен Твич Бос, популарниот диџеј и водител кој долга низа години работел со Елен Деџенерис, извршил самоубиство.
Веста ја потврди неговата сопруга, Алисон преку социјалната мрежа Инстаграм. Само пред неколку денови тие славеа 9-годишнина брак.
Неофицијално, Твич е пронајден во хотелска соба, со прострелна рана во главата.
Твич се прослави како учесник во шоуто „So You Think Can Dance“, а потоа имаше неколку филмски улоги и беше дел од тимот на Елен од 2014 година, па до финалната сезона.
И пензионираната Елен, преку социјалните мрежи се прости со Твич. „Моето срце е скршено. Твич беше полн со чиста љубов и светлост. Тој беше моето семејство и го сакав со целото срце“, напиша Елен на социјалната мрежа „Инстаграм“, објавувајќи заедничка слика со диџејот Твич.