Почина српската манекенка Бојана Шарац, пренесуваат српските медиуми.
Според неофицијални информации, девојка се самоубила.
Во светот на модата нејзиното име е добро познато. Успешно се занимаваше со манекенство во Србија и странство, додека пошироката јавност ја забележа во спотот на Реља Поповиќ за песната „Марија“.
Бојана Шарац имаше 28 години и студирала психологија. Манекенката нејзината последна фотографија ја објавила пред два дена.