Поранешниот зет во норвешкото кралство и писател Ари Бен почина на 47 години, соопшти неговиот портпарол.
Бен кој е автор на неколку драми и принцезата Марта Луиз се венчаа во 2002 година, а се разведоа пред две години.
Неговиот портпарол изјави дека тој си го одзел животот, а по ова веднаш се огласи и кралското семејство потенцирајќи дека тој бил важен дел од нивното семејство во изминатите години наназад.
Парот има три ќерки, Мод, Леу и Еми, а се разведе во 2016 година.
“Жалиме што нашите внуци го изгубија нивниот татко“, напишаа кралот и кралицата во своето соопштение.