Поранешната зајачица на „Плејбој“ Ешли Матингли почина на 33-годишна возраст, а веста за нејзината смрт ја потврдија на социјалните мрежи нејзините брат и сестра Били и Кристи.
„Те сакаме. Ќе ни недостасуваш. Летај високи сестричке, ти си најубавиот ангел во рајот“, напишала Кристи на Фејсбук.
Ешли оставила проштално писмо пред нејзината смрт, што потврдува дека станува збор за самоубиство. Нејзиното тело е откриено три дена по смртта, кога еден загрижен пријател повикал полиција затоа што Ешли не му одговарала на повиците.
Нејзиното семејство истакна дека Ешли со години се борела со алкохолизам и била жртва на злоставување. Таа беше во врска со Лејн Гарисон, sвезда на серијата „Закон на браќата“, кого надзорна камеро го фати како ја тепа. Гарисон се бранеше дека тоа го направил затоа што го таа му го украла мобилниот телефон па поминал два месеци во затвор пред да биде пуштен на условно. Гарисон не се огласил по повод нејзината смрт.
Ешли беше Мис Март на „Плејбој“ во 2011 година.