Водителката на најпопуларното британско ријалити “Love Island“, Каролина Флек (40) пронајдена е мртва во својот дом, а потврдедно е дека извршила самоубиство. Беживотното тело е пронајдено во нејзиниот дом во Лондон, откако нејзиното поранешно момче пријавило дека не му одговара на пораките.
На Твитер кружат теории дека Каролина се убила поради продолжување на судењето на кое е обвинета дека неодамна го претепала своето момче Луис Бартон, поради сомнение дека ја изневерил.
Британските медиуми пишуваат дека Каролина Флек се самоубила откако нејзината пријателка излегла од станот, а кога се вратила вратата била заклучена. Во станот бил повикан таткото на Каролина и кога ја отвориле вратата го затекнале нејзиното безживотно тело.
„Ве известуваме дека нашата Каролина почина денеска, на 15 февруари. Ги молиме медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти“, гласи соопштението од семејството.