Македонскиот политичар и доскорешниот пратеник во собранието Антонио Милошоски на Фејсбук објави дека му се родил син, а ќе го носи името Филип.
„Драги пријатели,
во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.
Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим“ напиша Милошоски.