Поп-ѕвездата Кети Пери и холивудскиот глумец Орландо Блум добија ќерка и ја крстија Дејзи Дов.
Како амбасадори на добра волја, двојката ја објави веста преку официјалната страница на Твитер на УНИЦЕФ, заедно со првата слика на Дејзи.
„Пловиме во љубов и се чудиме за безбедното и здравото пристигнување на нашата ќерка.
Но, знаеме дека ние сме среќни и дека не секој може да искуси мирно породување како нас. Заедниците ширум светот сè уште имаат недостаток од здравствени работници и секои 11 секунди умира бремена жена или новороденче, најмногу од болести што можат да се спречат.
Поради ковид-19, многу новороденчиња се изложени на ризик поради зголемениот недостаток од вода, сапун и вакцини, кои ги спречуваат болестите. Како нови родители, ова ни го крши срцето, бидејќи сега се сочувствуваме со овие родители повеќе од кога било“, стои во објавата.
Кети Пери (35) пред девет месеци, со објава на „Твитер“на своите фанови им напиша дека е бремена. А на крајот на видеото за нејзиниот нов сингл Never Worn White таа го откри заоблениот стомак.
Инаку, ова е прво дете на Кети и Орландо. Актерот веќе е татко на деветгодишниот Флин од поранешниот брак со супермоделот Миранда Кер (36).