Познатата холивудска двојка повторно се „бори“ со гласините за развод, а во последно време се чини дека тие стануваат се повистинити. Актерите Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс неодамна прославија 24 години љубов, иако се чини дека 25-годишната разлика во години не им може ништо, сепак изгледа дека не е така.
Со текот на времето гласините за нивниот развод зачестија, а се чини дека шармантниот Мајкл Даглас навистина нема среќа во љубовта.
Имено, се започнало во 1998 година, кога Мајкл ја забележал Кетрин и договорил средба со неа. Тоа било љубов на прв поглед, а набргу по првата средба тие започнале врска.
И покрај 25-годишната разлика во години, нивната љубов преживеала, без оглед на сите притисоци. Од бракот имаат две деца, синот Дилан и ќерката Керис, а интересно е што Дилан тргна по стапките на своите родители и глуми во театар.