Поранешниот претседател на САД Барак Обама наводно по 30 години брак се разведува од сопругата Мишел Обама.
Мишел и Барак Обама наводно се оддалечиле еден од друг поради тоа што Мишел сакала да гради кариера во Холивуд на што поранешниот американски претседател не се согласувал.
Мишел наводно сака да го освои Холивуд со нејзината продукциска куќа „Higher Ground“ (Higher Ground), нејзината цел е да стекне влијателни пријатели и познати личности, поради што таа според дел од медиумите започнала да го менува стајлингот за да заведува помлади мажи?!
Анонимни извори за магазинот Глоуб изјавија дека Мишел и барак по долгите неколку месечни расправии сега се на пробен развод.Според истите извори претседателскиот парк имал несогласувања и поради раскошниот начин на живот на нивната ќерка.
Изворите тврдат и дека парот сакал да избегне непријатен развод, па Мишел и Барак се одлучиле за пробен развод, но одвоеното живеење не им гарантира мирен и хармоничен брак.
Семејството Обама се уште не ги коментираше овие наводи.