Зои Бат (26) била во врска со 14 години постар маж, а подоцна биле и вереници и планирале и свадба. Девојката рекла оти открила дека вереникот зад грб и се гледа со друга, па затоа сега го продава прстенот што таа му го купила.
„Машки прстен на продажба. Во дробра состојба со по некоја гребаница, но уште изгледа убаво – единствената работа која не чини е дека можеби е „заразен“ од лажливиот маж кој го носел“, напишала Зои на Фејсбук под објавената фотографија.
Зои рекла дека и е мило што открила дека Пол ја изневерува пред венчавката, затоа што сигурна е дека ќе продолжел тоа да го прави и во бракот.
„Јас го запросив, а тој рече дека сум го претркала затоа што и онака таков бил и неговиот план. Ми велеше дека со гордост ќе го носи затоа што е среќен со мене и сака сите да го знаат тоа“, раскажала измамената девојка.