Порно-ѕвездата Миа Калифа на социјалните мрежи објави дека се разведува од сопругот Роберт Сандберг по две години брак.
„Со сигурност можеме да кажеме дека пробавме се за да успее нашиот брак, но по речиси една година терапија и работење на тоа, се разделуваме, знаејќи дека еден во друг ќе имамае пријател за цел живот и дека навистина се обидовме“, пишува Калифа.
Таа додава дека причината не е еден инцидент, туку нешто друго.
„Секогаш ќе се сакаме и почитуваме затоа што знаеме дека еден изолиран инцидент не е причина за нашето раскинување, туку кулминација на нерешените, фундаментални разлики за кои не можеме да се обвинуваме меѓусебно“, пишува Миа.
“Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата започнуваме од почеток, разделени, но поврзани преку неверојатно семејство, пријатели и љубов кон нашите кучиња. Ова дојде предоцна, но ние драго што одвоивме време и дадовме се од себе и сега можеме да заминеме знаејќи дека дадовме се од себе “, заклучува таа.
Миа Калифа и Роберт Сандберг се свршија во март 2019 година, а се венчаа во јуни истата година. Тие редовно објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи, но љубовта не траеше.
Ова ѝ беше втор брак на порно-sвездата, со оглед на тоа што нејзиниот прв сопруг ѝ беше љубовта од средното училиште, со кого исто така беше во брак само две години.