Сообраќајна несреќа се случи утринава во Скопје во близина на Катастарот на Република Македонија.
Едно од возилата се превртело, па пожарникарите биле повикани да интервенираат. Како што информираше командатот на Бригадата за противпожарна бригада Владимир Симоновски во превртеното возила имало тројца патници, но тие не биле заглавени.
Пожарникарите не мораа да интрервенираат со алат за сечење на возилото. Успеаја да ги извлечат патниците. За среќа сите се добро – објасни Симоновски.
( извор. Република)