Меган Фокс, која во последните месеци крева прашина каде и да се појави, или поради обвинувањата дека ги тера своите синови да се облекуваат како девојки, или поради турбулентниот однос со Кели, а сега таа стана тема на денот во светските медиуми и поради една фотографија.
Меган осум години го носеше тетовирано името на нејзиниот поранешен сопруг „Брајан“ на препоните, кои сега одлучи да ги покрие со цвеќиња. Нејзиниот уметник за тетоважи завршил совршена работа – од поранешниот ни трага ни глас, но затоа сите на интернет сега можат да видат како изгледа поранешната ѕвезда на „Трансформерс“ кога ќе се соблече.
„Благодарам на довербата Меган Фокс“, напиша тетовирачот, а потоа, на големо задоволство на следбениците, ја објави оваа слика:
Меган Фокс беше девет години во брак со поранешната ѕвезда на серијата „Беверли Хилс“, и со Брајан Остин Грин има три деца.