Опасна, смртоносна болест, која се третира како „чудна и непозната пневмонија“, која веќе има повисока стапка на смртност од коронавирусот, еруптираше во Казахстан, предупредуваат кинеските власти.
На веб-страницата на амбасадата се наведува дека во провинциите Атирау и Актобе, како и во градот Скимент, ненадејно зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од оваа неидентификувана болест е регистрирана од средината на јуни.
Министерот за здравство на Казахстан рече дека во периодот од 29 јуни до 5 јули биле регистрирани повеќе од 32.000 случаи и дека загинале дури 451 лица.
Како што се наведува, во земјата од почетокот на оваа година се регистрирани 1.772 смртни случаи од последиците од пневмонија, од кои 628 само во јуни.
Ова предупредување многу потсетува на почетокот на јануари 2020 година, кога кинеските научници објавија дека регистрирале необичен вид на коронавирусот, кој подоцна бил регистриран како САРС-КоВ-2, а кој однесе повеќе од 557.000 животи во последните 6 месеци, пренесува РТ .
Кинеската амбасада ја опишува новата болест како „чудна пневмонија“, додека официјалните лица во Казахстан тврдат дека станува збор за епидемија на пневмонија.
Во моментов е непознато зошто кинеската амбасада инсистира на тоа дека станува збор за „непозната пневмонија“, ниту пак има повеќе информации за инфекцијата.
„Стапката на смртност од оваа болест е многу повисока отколку од новиот коронавирус“, ги предупредија кинеските власти нивните граѓани кои живеат во Казахстан.
Според нив, кинеските здравствени службеници се обидуваат да утврдат што предизвикува новиот вирус што доведува до пневмонија, но сè уште не биле во можност да го идентификуваат вирусот.
Тие апелираа до своите граѓани да бидат внимателни, како и против коронавирусот.
– Секој ден, околу 300 луѓе се дијагностицираат со пневмонија и тие лица се задржани во болница – рече Сауле Кисикова, претставник на здравствените работници во Нур Султан.
Во Казахстан, според официјалните податоци, стапката на смртност од пневмонија е четирикратно зголемена во јуни 2020 година, во однос на истиот период лани.
Исто така, се забележува дека Ковид-19 не е регистриран кај многу луѓе со пневмонија.
Досега се забележани 264 смртни случаи од коронавирус во Казахстан, а 53.021 луѓе се разболеле.
Земјата е во карантин од 16 март, но започна со олеснување на мерките на 11 мај.
Во моментов, државата воведува нови рестриктивни мерки, како резултат на зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус. Само во четвртокот, регистрирани се 1.962 нови случаи во оваа земја, што претставува најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата „Ковид-19“.